Насловна / Арт и дизајн / ДНК тест на влакно од коса за кое се верува дека е на Да Винчи

ДНК тест на влакно од коса за кое се верува дека е на Да Винчи

Италијанскиот музеј „Идеал Леонардо да Винчи“ најави дека планира да се спроведе тестирање на ДНК од влакно на коса, за кое се верува дека тој може да припаѓа на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи, кој почина пред повеќе од 500 години.

Да Винчи почина во мај 1519 година и беше погребан во замокот Амбоаз, недалеку од францускиот град Турс, објави Ројтерс.

Замокот бил оштетен по Француската револуција во 1789 година, а и многу гробови биле уништени, вклучувајќи го и Леонард.

Алесандро Весози, директор на Музејот во Винчи, родниот град на Да Винчи во Тоскана, вели дека влакното од косата го има најдено на ова место во 1863 година на човекот кој ја нарачал Кралската комисија за да се обиде да ги најдат остатоците на Леонардо да Винчи.

muzej 1

“Американски колекционер во 1925 година има купено реликвија во Париз, а пред тој да почине на возраст од 95 години, тој го продал на друг американски колекционер, кој стапи во контакт со нас“, вели Васози.

Тој рече дека музејот планира да „извлече“ ДНК од примерокот и да го споредат со примерок од ДНК на потомците за кои музејот вели дека се идентификувани во 2016 година со помош на генеалошки податоци.

Тестот треба да докаже дека остатоците идентификувани во Франција во 1863 година навистина припаѓаат на Да Винчи.

“Она што е важно – не е да се земе здраво за готово пред научното тестирање да заврши“, вели Весози.

Испрати коментар

Scroll To Top