Денес во 20 часот во објектот Мала станица ќе биде отворена традиционалната републичка манифестација од областа на ликовната уметност – XVI МЛАДИНСКИ ПРОЛЕТЕН САЛОН. Овој проект е дел од Програмата на Националната галерија во рамките на едукативното одделение за 2026 год., поддржан од Министерство за култура и туризам.

Личеноски Лазар, Пејзаж (Мијачко село), масло на лесонит
Темата за овогодинешниот Салон е пејзаж како инспирација. Изложбата ќе биде презентација на творби на ученици и студенти од средни училишта и факултети од нашава земја. Пејзажот како мотив е честа тема во творештвото на уметниците, присутен и близок на сите. Во зависност од афинитетот на уметникот, нуди спектар на избор на пејзажи како марини, урбани пејзажи, зимски, летни, пролетни, есенски и др.

Ефтимова Катја, Пејзаж од Отешево, 1957, масло на платно
Како и секоја година на најуспешните учесници ќе бидат доделени пригодни награди и признанија од страна на комисија. Културните настани, во случајов Младинскиот пролетен салон, се можност за социјализација и интеграција на младите низ дружење, забава и едукација.
Салонот ќе биде поставен во Мала станица до 15 мај 2026.
Автор на проектот е Ацо Таневски, едукатор во Националната галерија.

Андонов Димитар Папрадишки, Пејзаж од Матка, 193738, масло на платно

Андонов Димитар Папрадишки, Пејзаж, 1897, масло на платно
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија