Насловна / Вести / Топлински пумпи со термални батерии: Паметен начин за намалување на трошоците за греење

Топлински пумпи со термални батерии: Паметен начин за намалување на трошоците за греење

Истражувачите од норвешкиот институт SINTEF, во соработка со швајцарската компанија COWA Thermal Solutions, развиле ново, покомпактно решение за складирање на топлинска енергија, т.н „термални батерии“, кои можат да се полнат во периодите на ефтина електрична енергија и да се користи кога има потреба за тоа. Овие батерии функционираат како термални акумулатори: ја чуваат топлината претходно генерирана од страна на топлински пумпи и подоцна ја ослободуваат.

Една од главните предности на овој систем е т.н брз одзив – батериите брзо се полнат и ефикасно испорачуваат топлина. Финансискиот аспект е исто така значаен – со складирањето на топлина во периодите кога електричната енергија е поефтина или произведена од обновливи извори, корисниците можат да ги намалат вкупните трошоци за греење.

За разлика од класичните решенија, новата технологија користи супстанции кои во својата структура ја врзуваат водата и реагираат специфично на промена на температурата. Овие материјали припаѓаат на групата на т.н фазно променливи материјали (PCM – Phase Change Materials), кои во текот на преминот од цврста во течна состојба (и обратно) можат да акумулираат и ослободуваат големи количини на топлина. Новите решенија се развиени во склоп на европскиот проект Sure2Coat, кој опфаќа 14 партнери од седум земји. Фокусот на проектот е развој и примена на напредни методи на површинска обработка на метали, со цел намалување на потрошувачката на енергија, материјали и емисии на CO2 во производството.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top