Насловна / Архитектура / Архитектот Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2021 година

Архитектот Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2021 година

Архитектот Ранчо Христов е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2021 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Свеченоста за доделување на наградата ќе се одржи денес, 21.12.2021 во 19:00 часот во салонот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ).

Arhitekt Ranco Hristov_resize

Со својата работа и дејност, како еден од основачите на архитектонското биро “Ателје Ајвар” од Скопје, архитект Ранчо Христов  уште од осамостојувањето на Р. Северна Македонија придонесе за пресврт во архитектонската пракса. Тој е протагонист на промената од еден систем на монопол на големи општествени бироа, од кои и самиот произлезе, кон новите трендови на приватно претприемништво со нови, проектантски стандарди. Земајќи голема уметничка слобода, неговата работа резултира со огромна продукција на проекти, изведени градби и идејни конкурсни решенија, кои на младите генерации – архитекти им претставуваа репер во работата.

Katna Garaza Ilinden - Skopje - 2007 godina_resize

Катна гаража Илинден, Скопје, 2007

Deloven objekt Mak AutoStar - Skopje - 2016 godina_resize

Деловен објект Мак Ауто Стар, Скопје, 2016

За своето креативно творештво, Архитект Христов во сферата на архитектонската дејност е добитник на повеќе награди и признанија: Признание на БИМАС за Административна зграда „МАКЕДОНИЈАИНВЕСТ” во 1987, Награда на БИМАС за Хотел „Алфа-С“ во Чешка во 1993, Награда на БИМАС за „Куќа која сонува“ во 1997, Специјално признание на БИМАС за квалитетна и бројна презентација на проекти и реализации во 1997, Награда за најдобар реализиран објект „ХРРМ 01“ на БИМАС во 2000, Награда и благодарница од Главниот архитект на град Скопје  за станбено-деловен објект на ул. „Огњан Прица“ во 2003, Награда  „Борис Чипан“ од Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.Македонија 2017, Награда „BIG SEE ARCHITECTURE AWARD“ за семејна куќа „Дрезденска” од Заводот BIG од Словенија 2020.

Muzej Mala Stanica - Skopje - 2002 godina_resize

Музеј Мала станица, Скопје, 2002

Deloven kompleks AB - Skopje - 2011 godina_resize

Деловен комплекс АБ, Скопје, 2011

Со чинот на добивање на наградата „Андреја Дамјанов” за 2021 година, архитект Ранчо Христов станува член на Академијата на Архитекти на Македонија, која функционира во рамките на ААМ.

Дополнително, во рамки на свеченоста, статуетка за наградата „Андреја Дамјанов” за 2020 година, ќе биде врачена на добитникот, архитект Ѓоко Радовановиќ.

AD_2021_POKANA

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top