Насловна / Арт и дизајн / Денес во Чифте амам изложба „Глува соба“ на Стојан Павлески

Денес во Чифте амам изложба „Глува соба“ на Стојан Павлески

Денес, со почеток во 20 часот, во објектот Чифте амам ќе биде отворена правата самостојна изложба на архитектот и ликовен уметник Стојан Павлески.

Како што вели авторот концептот „Глува соба“ ја преобмислува антрополошката димензија на уметноста во рамки на технолошката ера, во прeсрет на враќањето на примитивната енергија на капитализмот.легоризирајќи го „монументот“ на тоталитарните процеси, „глува соба“ престојува во доменот на можностите, трагајќи по нови политички аксиоми, по нови форми на „слободно здружување“, со заложби за нова „апстрактна утопија“ која се надева на „општествено созревање“.

stojan-pavleski-baci-deaf-room-gluva-soba

Ова не е празен гест кој се обидува да се изземе од својата функција, туку „социјален гестус“ во формативна (инестетичка) фаза кој ја следи античката улога на авторството, да ја повика заедницата да се соочи сосопствената хипокризија и идеолошки да го соочи „сиромашниот“ спектакл на капитализмот со „реалното“ на луѓето. „Глува соба“ не одрекува дека можеби е уште едно уметничко клише, уште една наративна тавтологија која само го потврдува присуството на големите означители, но и покрај тоа, таа се пројавува, се открива себеси, се себеконституира пред масите, пред замислената публика и нејзината ученост, повикувајќи на уште една револуција, сина револуција, предодредена/осудена на неуспех.
Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломец е на Архитектонскиот факултет. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција, и на повеќе наградени меѓународни конкурсни решенија од областа на архитектурата.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top