Насловна / Вести / Денес презентација на ДУП, Маџир Маало, да се вклучат граѓаните за да нема изненадувања во иднина

Денес презентација на ДУП, Маџир Маало, да се вклучат граѓаните за да нема изненадувања во иднина

Денес во 12 часот во Општина Центар во салата за состаноци, барака 6, ќе се одржи јавна презентација на предлог ДУП-от за Градска четврт – И01, Маџир Маало 1, а веднаш потоа во 13 часот презентација на ДУП-от за Градска четврт – И05, Маџир Маало 2.
Предлог ДУП-овите, плански период 2019-2024, ќе бидат изложени во просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“ (ул. „Пролет“ бр.39, Скопје), секој работен ден од 8 до 16 часот до 26.11.2019 година.
На веб страната на Општина Центар можат да се видат новите предлог планови за Маџир Маало 1 и 2. Достапна е сета документација како и анкетно ливче за предлози. Доколку граѓаните сакаат да ја споделат својата визија, своите проблеми, потреби ова е важен момент за сите жители. Ова е шанса граѓаните да се вклучат навреме за да нема изненадување во иднина и како што најчесто бива, реакциите да бидат задоцнети.

Screenshot_1

 

Испрати коментар

Scroll To Top