Насловна / Вести / Денес и утре се одржува Energy Expo во Албанија

Денес и утре се одржува Energy Expo во Албанија

Денес и утре, во организација на Expocity, во Тирана се одржува третото издание на меѓународниот саем и форум Energy Expo & Forum. Настанот поддржува комуникација и интеракција во областа ан енергетиката и насочува кон иновации и идни проекти во оваа област на национално, регионално и пошироко ниво. Овогодишното издание е поддржано од Министерството за инфраструктура и енергетика, националните енергетски компании, регулаторната агенција и други субјекти.

Energy Expo & Forum е фокусиран на проблемите, предизвиците, иновациите и регулативата во однос на ефикасносто користење на енергијата, одржливото енергетско планирање, климатските промени, енергетските пазари и посебно обновливите извори на енергија. Последнава тема е особено значајна за Албанија бидејќи во оваа земјанајголем дел од енергетскиот микс се произведува од хидро енергијата.

expo1

expo2

expo3

Испрати коментар

Scroll To Top