Насловна / Вести / Дел од градовите во ЕУ се селат на еколошки систем за греење и ладење

Дел од градовите во ЕУ се селат на еколошки систем за греење и ладење

Градовите Виена, Ротердам, Даблин, Минхен, Билбао, Братислава и швајцарски Винтертур учествуваат во новиот проект на ЕУ, чија цел е премин кон одржлив систем за греење и ладење без јаглерод.

За борба против климатските промени, потребно е решително да се дејствува во секторите што предизвикуваат формирање на стакленички гасови. Со промена на системот за греење и ладење, може да се постигне значителен напредок во намалувањето на емисиите со штетни ефекти врз животната средина. Во Виена, на пример, греењето и ладењето сочинуваат повеќе од една третина од вкупната потрошувачка на енергија.

Viena

Затоа, на почетокот на јули оваа година, Европската унија започна нов проект наречен „Decarb City Pipes 2050 – Патокази за транзиција кон енергетски ефикасно, урбано греење и ладење со нула јаглерод“, кој има за цел да најде начини за промена на постојниот систем за снабдување со топлинска енергија во урбаните области. Делумно засновано на употреба на природен гас и префрлување на енергетски ефикасни и еколошки решенија без емисии на јаглерод диоксид. Проектот ги вклучува Виена, Ротердам, Даблин, Минхен, Билбао, Братислава и швајцарски Винтертур.

Roterdam1

Во соработка со реномирани истражувачки партнери како што се Универзитетот во Утрехт и Универзитетот во Халмстад, овие седум градови преку локалните работни групи во следните три години ќе бараат да најдат одговори на сложените прашања со кои се соочуваат градовите при промена на системите за греење и ладење. Прашањата за можностите за снабдување во густо населените урбани области, улогата на различните технологии и извори на енергија во процесот на транзиција кон одржлив систем за греење и начините за охрабрување на граѓаните и другите важни актери да се вклучат се само некои од нив.

Притоа, градовите и енергетските компании учат едни од други со размена на стекнато знаење што на крајот ќе може да се спроведе низ целата Европска унија. Во проектот им помагаат истакнати експерти со долгогодишно искуство во европската енергетска политика, економијата, консалтингот и индустријата и граѓанското општество.

„Decarb City Pipes 2050 – Патокази за транзиција кон енергетски ефикасно, градско греење и ладење со нулта јаглерод“ е тригодишен проект вреден вкупно 1,9 милиони евра, спроведен во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“.

Dublin

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top