Насловна / Вести / Вештачката интелигенција го открива соларниот потенцијал на покривот

Вештачката интелигенција го открива соларниот потенцијал на покривот

Француската енергетска компанија Total и Google Cloud заеднички развиваат иновативна алатка Solar Mapper, со цел забрзување на примената на соларните панели кај приватните корисници, овозможувајќи точна и брза проценка на потенцијалот на соларната енергија на нивните домови.  „Solar Mapper користи целосно нови алгоритми на вештачка интелигенција кои пружаат подобри резултати од моменталните алатки, особено во поглед на подобрувањето на квалитетот на податоците од сателитските снимки, и меѓу останатото проценка на соларниот потенцијал“  велат од Total во соопштението за јавноста.

„ Solar Mapper ќе му овозможи на Total побрзо поставување на соларните панели на покривите од куќите, со цел на своите купувачи да им пружи поповолен и поедноставен пристап до соларната енергија“ објаснува Marie-Noëlle Séméria, директор за технологии во Total.  Во иднина Total планира да ја развие апликацијата Solar Mapper и за деловни корисници, односно индустриски и комерцијални згради.

solar mapper1

solar mapper2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top