Насловна / Дневни Вести / Работата на векот ја доби грчко-израелскиот конзорциум

Работата на векот ја доби грчко-израелскиот конзорциум

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/dnevni_vesti/crnagora_pat.jpgЦрногорскот Совет за изградба на автопати едногласно ја прифати понудата на грко-израелскиот конзорциум Aktor-HCH за изградба на 63,5 километри од автопатот Бар-Бољари со цена од 1,57 милијарди евра.

Километар автопат ќе чини 2,35 милиони евра. Се очекува и црногорската
влада да го прифати предлогот на Советот. Aktor-HCH ќе ја гради
делницата долга 42 километри од Смоквица до Матешево, обиколницата
околу Подгорица долга 18 километри и осум километри, едната лента од
автопатот од Ѓурман до Скадарското езеро. Дополнително ќе се одлучи
како ќе се гради преку Скадарското езеро. Во наредните три месеци ќе се
потпишат договори со меѓународните организации и комерцијалните бенаки.

Инаку, хрватскиот козорциум Конструктор кој беше прворангиран на
тендерот за оваа работа ја изгуби поради доцнењето со доставувањето на
банкарската гаранција.

Испрати коментар

Scroll To Top