Насловна / Вести / Црна Гора гради хидроцентрала, прва по четири децении

Црна Гора гради хидроцентрала, прва по четири децении

Новата хидроцентрала „Комарница“ со инсталирана моќност од 172MW, предвидена е на локацијата Лонци на реката Комарница, со лачно бетонска брана висока 171m. Очекуваното годишно производство е околу 213 GWh електрична енергија.

Извршниот директор на EPCG (Elektroprivreda Crne Gore), Игор Новељиќ, истакнал дела националната енергетска компанија е подготвена за изградба на овој голем хидроенергетски објект, прв по четири децении.

„Во однос на постоечката хидроцентрала „Пива“ со моќност од 342 MW, за чии потреби е изградена лачно бетонската брана „Мратиње“ со височина од 220m, станува збор за подеднакво импозантна и висока брана. Изградбата ќе ги почитува сите правила за заштита на животната средина, без да влијае врз природниот режим на водите во зоната на градот Шавник, и без негативни влијанија кои би го загрозувале користењето на кањонот“, изјавил Новељиќ.

komarnica1

komarnica2

komrnica3

komaprnica4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top