Насловна / Вести / Црн пантер и леопард, вљубена двојка како Ромео и Јулија

Црн пантер и леопард, вљубена двојка како Ромео и Јулија

Тој е црн пантер, а таа е леопард и тие се во врска веќе подолго време. Запознајте ги Ромео и Јулија  на индиската сојузна држава Карнатака.

Индискиот фотограф Mitun Hunugund поминал шест дена во Карнатака, на реката Кабини, додека со својот фотоапарат не фатил совршена, ретка сцена. Тој успеал заедно да ги фотографира дванаестгодишната женка леопард и црниот пантер стар осум години. Овие две животни се партнери веќе четири години.

1_resize

Едната од двете неверојатни фотографии од оваа двојка го прикажува Сај, пантер тежок околу 120 килограми, како стои како сенка покрај неговата 89 килограми тешка партнерка, леопардот Клеопатра. Втората фотографија ја прикажува вљубената двојка како одмара на дрво.

Сај и Клеопатра имаат и младенче старо осум месеци.

2_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top