Тим научници од Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, работи на проект за производство на водород со електролиза на морска вода. Далибор Карачиќ, Нејц Ходник, Игор Пашти и Сањин Гутиќ, веруваат дека нивната работа би можела да резултира со решение погодно за комерцијална употреба, за разлика од многу проекти за водородни технологии кои се во развој ширум светот. Со цел да се искористи потенцијалот на водородот, финансирањео на истражувачките проекти мора да го помести фокусот од комплексни и „елегантни“ решенија, на оние кои можат да се применат и надвор од лабораторија, сметаат овие научници.

Инвестициите во технологии за производство на водород ширум светот од 2023 година надминале 200 милијарди американски долари, но повеќето од тие истражувања можеби никогаш нема да произведат стабилни решенија поради преголемата комплексност и неприменливост во пракса. Овој проект финансиран од НАТО, е фокусиран на интегрирање на технологијата на мембрана со електролиза на морската вода.

Далибор Карачиќ, водечки стручњак за системи за конверзија и складирање не енергија, во сараевскиот Центар за напредни технологии (CNT), верува дека проектот од овој тим може да даде резултат, но предупредува дека на регионот му недостасува политичка волја за спроведување на решенија за производство на водород. Кога станува збор за проблемите со складирање на водород, Игор Пашти, редовен професор по електрохемија на Факултетот за физичка хемија на Универзитетот во Белград, тврди дека кај некои индустриски примени на водородот, како производството на амонијак или преработката на челик, нема потреб аод прескапо складирање под висок притисок. Резервоари со притисок од 200 бари, можат безбедно да складираат водород две години, вели тој. Една од најчесто истакнуваните препреки за претворање на успехот во лабораторија во исплатлива примена во индустрија е тоа дека многу каталитички системи кои се користат во лабораториски услови се потпираат на ретки метали или нереално опкружување. Според зоровите на Нејц Ходник, шеф на Лабораторијата за електролиза при Националниот институт за хемија во Љубљана, дури 99% од постоечките истражувања не можат да понудат решенија применливи во голем обем. Имено, во тие случаи или материјалот кој се користи е премногу нестабилен, или процесот не може да функционира надвор од лабораторија.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија