Насловна / Архитектура / Chapel in Sierra La Villa со интровертна структура

Chapel in Sierra La Villa со интровертна структура

Преклопени бетонски и аголни ѕидови ја формираат оваа капела на ридесто место во Шпанија, која се појавува со својата скулптурална структура на локацијата.

Наречена Chapel in Sierra La Villa, капелата, проектирана од архитектонското биро со седиште во Мадрид, Sancho Madridejos, се наоѓа на ридеста локација во Cuenci, на рурален имот со стогодишни дабови и тартуфи.

1_resize

2_resize

Архитектите користат еден закривен преклоп за проектирање на капелата, концептуално и во својот пристап поврзано со Chapel in Valleacerón.

Овие набори се направени со употреба на армиран бетон, така што ѕидовите можат да функционираат во еден потез. Архитектите го следат истиот принцип за структурата, формата и просторот, така што секоја компонента може да делува холистички.

4_resize

5_resize

Благодарение на аголните ѕидови, овозможено е продирање на светлина што ја дефинира употребата и карактерот на капелата.

За да ја добие оваа специфична форма, бирото создало закривен преклоп кој е „одговор на сложените надворешни напрегања на тополошкото дејство“.

9_resize

Според бирото, ова не е создадено со употреба на техника на оригами, формалниот изглед е реинтерпретација на тополошкиот израз – кој исто така одразува структурна рамнотежа – која одговара на овие надворешни влијанија.

„Објектот е замислен со широк влез, који поздравува, који води кон компримиран завршеток“, велат од Sancho Madridejos.

7_resize

„Голем висечки крст во бетон го пробива наборот и создава светлосни отвори свртени кон одредени насоки, фрлајќи различни светла во текот на денот, менувајќи го просторот внатре малку по малку, континуирано“.

Архитектитедодаваат: „Ја одбравме специфичната локација на капелатасо што станува референтна точка, како од пристапот на местото, така и од патот кој води кон неа, кој врти и кружи околу додека се приближувате“.

6_resize

Кога посетителите ќе ја погледнат капелата од сите страни, не добиваат претстава каде е влезот поради нејзината интровертна структура. Величенствениот влез на капелата е дефиниран со продолжување на закривениот дел напред.

8_resize FOLD 02

Испрати коментар

Scroll To Top