Насловна / Вести / Центарот на Загреб ги добива првите зелени одржливи згради

Центарот на Загреб ги добива првите зелени одржливи згради

Во центарот на Загреб, наскоро ќе се реализира нов зелен проект на компанијата ВМД Модел, кој ќе го ревитализира градскиот блок. На конкурсот има победено идејниот проект на студиото 3LHD, а се ќе се уреди према главната идеа – нов парк, а не кварт.

zagreb

Иако станува збор за станбен проект во центарот на Загреб, карактеристика на проектот е тишината и зеленилото. Автомобилите нема да бидат видливи во соседството, но скриени под земја. Покрај зголемувањето на вредноста на природното опкружување, се намалуваат ефектите од урбаниот топлински остров, бучавата и емисијата на СО2. На зградите ќе бидат сместени и првите вертикални градини на Загреб. Блокот нема да биде затворен, но јавноста ќе добие нов парк, пишува Novac.hr.

“Анализата на загрепската традиција на приградските блокови, јавните пролази кои секогаш се присутни во нив, високи згради и паркови во рамките на блоковите резултираше во концепт на нов зелен урбан блок“, вели Саша Беговиќ, архитект и еден од основачите на студиото 3LHD.

zagreb1

За разлика од воздржаниот дизајн на улични фасади, зградите опкружени со парк ќе бидат сместени во внатрешноста на блокот, чиишто волумени ќе бидат каскад поставени во основата и во висината, коренспондирајќи со блок-паркот и зелената градина. Основната идеја на новиот блок е пешачката поврзаност на двете улици, јасна видливост и пристап до градот и блокот, создавање нов голем зелен простор – урбан парк во внатрешноста на блокот, објаснува Беговиќ, додавајќи дека воведувањето на паркот во внатрешноста го зголемува квалитетот на домувањето не само на жителите во блокот , но и околните згради. Проектот вклучува неколку различни типови на станови. Двокатни куќи по ред со пред-градина (т.н. град) што овозможуваат многу квалитетно живеење во контакт со теренот, во тивка внатрешност на блокот.

zagreb2

Потоа следуваат станови со поголеми тераси кои го подобруваат квалитетот на животот на отворено, станови со големи балкони, поглед на градот, а на последниот кат се најголемите станови, со тераса и поглед кон Загреб.

Проектот опфаќа градинка, како и игралиште за деца. Планирани се и жардинери околу зградата и зелените sидови. Зелениот систем за одржување ќе се одвива и преку собирање на дождовницата. Исто така, постројките ќе бидат обезбедени од компанијата ВМД која инаку работи на одржување на своите згради. Проектот, на барање на инвеститорот, е замислен дека сè е скриено под земја како паркирање, отстранување на сметот и слично.

zagreb3

Испрати коментар

Scroll To Top