Насловна / Саеми / Зеленилото – хит во внатрешното уредување

Зеленилото – хит во внатрешното уредување

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-1.jpgТрадиционално во месец април, од 9-ти до 14-ти, во Милано се одржа 52.
издание на iSaloni, славниот меѓународен Саем за мебел и опрема. Тука
спаѓа и делот за изложување и афирмирање на млади креативни дизајнери,
како и биеналните категории – Канцелариски мебел и Осветлување. Повеќе
од 2500 компании изложуваа на површина од 204.850 м2, а повеќе од
300.000 посетители ја имаа можноста да ги видат најновите трендови во
овие категории.

 

Како претставници на фирмата "Биро Проект", и ние ја имавме можноста да бидеме дел од овие случувања, дел од еуфоријата што владееше и го славеше дизајнот тие денови. Преполни улици на Милано, турканици пред трафиките и банкоматите за карти, преполни метроа, куфери на тркалца спремни за носење каталози… , и сите тие насочени кон една цел – гратчето Ро, место оддалечено 14 километри од Милано, кое беше центар на саемските случувања; поточно во познатиот деловен објект на Massimilinano Fuksas- Fiera Milano.

 

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-1.jpg

 

Турканиците, кои ве следат од сите страни, само го зголемуваа нашето чувство дека речиси сите едвај го дочекале датумот на отворање на Саемот, сакајќи да се препуштат на убавините на беспрекорно уредените простори во 24 хали, кои е невозможно да ги разгледате за само неколку денови. Овогодишниот Salone Internazionale del Mobile понуди многу нови производи во делот на спалните и детските соби, трпезарискиот мебел, дневните соби, градинарскиот мебел…

 zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-2.jpg

Она што можеме да го кажеме како заедничко за овие категории, а и она што беше впечатливо на овој саем е декорацијата со зеленило која ја имаше во секој сегмент. Екологијата е апсолутен хит во внатрешното уредување

 

. Во поглед на колоритот, за љубителите на живи бои, жолтата боја (како сенф), црвената (поретко) и сината беа доминантни и можеше да се забележат во секаква ентериерска комбинација; од кревети, гарнитури, спални, детски соби, комоди, столици, па сè до теписи и перници. Останата палета на бои е од светло до темно сиво. Дрвото е сè уште присутно и доминира како материјал, особено оревовото или дабовото, кои во комбинација со гореспоменатите бои правеа навистина убави композиции. 3Д-ефектите се забележуваа на фронтовите на вратичките, како и комбинацијата на потенки и подебели медијапански плочи за разигрување на фронтовите.

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-3.jpg

 

Металот повторно добива во својата присутност, обоен и во комбинација со останатите материјали. Стаклото, исто така, го видовме во многу сегменти, како ногарки на масички, комоди, гарнитури, како полици или страни на полиците, како прегради или како вратички од плакари (најчесто во затемнети тонови).

 zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-4.jpg

Сјајниот медијапан веќе се изоставува, односно тој препознатлив сјај го има само кај стаклените површини. Механизмите кај комодите се најчесто на механизам на допир. Присутен е и ретро дизајнот, а во тренд се и класичните стилови, но интерпретирани на еден современ начин. Така, еден минималистички мебел се комбинира со по едно парче дизајнирано во класичен стил.

 

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-5.jpg

 

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-6.jpg

 

Ова меѓусебно комбинирање на неколку стилови можеше да се забележи во повеќе наврати. Кај спалните и детските соби особено е изразена функционалноста, па така од места за спиење тие се претворени во работни простори како резултат на софистицираните современи и квалитетни механизми, кои ја овозможуваат реализацијата на овие идеи. Таков пример можеше да се забележи и кај некои од плакарите, каде што телевизорот излегува од еден негов сегмент со можност за ротирање на која било страна. Надворешниот мебел со неговиот дизајн сè повеќе се приближува кон внатрешниот, што овозможува негово повеќенаменско користење, особено што материјалите се заеднички, како пластика, дрво и метал.

 

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-7.jpg

Целосниот впечаток беше дека сите изложувачи вложиле големи напори да се претстават на најдобар можен начин и да привлечат големо внимание на потенцијалните потрошувачи и соработници, а позитивната атмосфера можеше да се забележи во сите денови додека бевме присутни, што е доказ дека и покрај кризните економски времиња, дизајнот и иновацијата остануваат секогаш добра инвестиција.

 

zeleniloto-hit-vo-vn-uredu-8.jpg

 

 

Во секој случај, во наредните броеви ќе се обидеме да ви пренесеме дел од саемската атмосфера, и да ви ги пренесеме нашите впечатоци во однос на новите материјали и трендовски бои во делот на ентериерното уредување, во поглед на осветлувањето, како и иновативните дизајни на младите креативци.

 

 

Сандра Дончева Теохарова, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top