Насловна / Архитектура / Борис Подрека проектира во Белград

Борис Подрека проектира во Белград

Изгледа дека на индустрискиот комплекс на фабриката Беко во Белград му е судено да го проектира некоја архитектонска ѕвезда. Наместо лондонското биро на Заха Хадид на сцена доаѓа Борис Подрека. Новите странски инвеститори инсистирале идејното решение да го изработи познат светски архитекта, па така препораките и од странство и од Белград, оделе во корист на Подрека. Разработката на проектот ќе биде доверена на некое домашно проектантско биро.
После помпезните најави на грчката компанија Lamda Development за вклучувањето на Заха Хадид и нејзиното биро во проектирање на деловниот комплекс со угостителски, трговски и резиденцијални намени, јавноста со сомнеж ја прифати оваа вест. 6

Инвеститорите, но и самите архитекти беа скептични кон гигантскиот, футуристички проект на Заха Хадид, за чија изведба е потребен огромен инвестициски потенцијал. Од друга страна, домашните архитекти го дигнаа гласот против проектот, а како причина го наведоа загрозувањето на белградската тврдина и отсуство на домашен архитекта на чело на проектот за такава деликатна градска локација.

5
Грчката компанија набрзо согледува дека шансата за вложување во проект со такви размери е многу помала од што мислеле на почетокот и дека е потребно да се изнајде поисплатливо решение. Проектирањето на многу порационално решение поверено беше на белградското архитектонско биро ЗАП. Бирото беше вклучено од почеток, како локална подршка во разработка на проектот на Заха. Новото решние беше вообичаена комбинација на деловно – станбена архитектура со препроектирање на старата зграда на фабриката Беко, која беше пренаменета во хотел. Ова решение беше прифатливо за белградските инвестициски услови, но компанијата Lamda Development се повлече од бизнисот, а локацијата ја продаде на холансдката компанија Pinekl.

1
Холанѓаните увидуваат дека за ваква локација е неопходно гласно име од светот на архитектурата, но дека и било кави екстравагантни решеније не доаѓаат во предвид, бидејќи атрактивноста на Белград како инвеститорска локација и понатаму е пониска во однос на европските или азизските конкуренти. Добиваат препорака како главен архитекта да се појави Борис Подрека, кој во тимот на градскиот урбаниста Милутин Фолиќ, наголемо е ангажиран на проектирање на потесниот центар и приобалната зона на Белград. Вниманието на холанѓаните го привлекло токму од Подрека оживувањето на савската обала, особено со линиски парк, кој со укинување на железничкиот колосек околу белградската тврдина ги опфаќа уредените парковски целини, стази за точаци и простори за рекреација. Токму она што холанѓаните најмногу го потенцираат во своите архитектонско – урбанистички решенија за градските средини.

3
Од друга страна, предлогот на Подрека за станбено – деловниот комплекс поседува примеси на современ амстердамски сензибилитет. Од предходното решение задржана е сообраќајницата во овој случај пешачка, која го сече комплесот на визурата на тврдината – СРЦ Гале Мушкатировиќ. Вреден детал во поглед на почитување на постоечката архитектура. Објектите имаат извесна денивелација, а се разликуваат неколку архитектонски типови кои се појавуваат во комплексот.

4
Вниманието го привлекуваат и кровните градини, еколошки одржлив сегмент, кој со неколку актуелни проекти полека пристигнуваат во регионот. Добро ќе послужат како пример и на домашните инвеститори, кои се скептични кон иновации кои бараат додатни вложувања. Бојата на фасадата е свтло сива, скоро бела, вклопена со името на градот, бојата на околните фасади и се разбира првиот комшија – белградската тврдина, која новиот комплекс со својата архитектура (големина, волумен,фасад, боја) со ништо не ја загрозува. Промена на стратегијата во однос на Заха.

2
Останува фактот дека автор на идејното решение не е некој домашен архитекта, но веројатно со тек на време и тоа ќе се преброди. Да се причека изведувањето на комплексот за да се даде попрецизна оценка. Се разбира доколку ова остане конечен проект за Беко.

Испрати коментар

Scroll To Top