Градот Бордо во Франција, интензивно разива капацитети за производство на соларна енергија во склоп на својата стратегија за енергетска транзиција и борба против климатските промени. До 2026 година, планирано е поставување на соларни панели на 60.000 m² на општински објекти и земјиште, со што соланата енергија ќе стане столб на локалното и одржливо производство на енергија.


Проектот опфаќа инсталирање на соларни системи на 70 идентификувани локации. Покрај инсталацијата на вакви системи на постоечките објекти, се воведува обврска за сите нови и реновирани јавни објекти да постават фотоволтаични електрани. Иницијативата е дел од пошироката стратегија на Сојузот за соларна енергија на Бордо, кој обединува приватни и јавни субјекти со заедничка цел – забрзување на енергетската транзиција. Градските власти дополнително ги поттикнуваат граѓаните, заедниците и компаниите да реализираат и самите вакви проекти, нудејќи им институционална поддршка и други олеснувања.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија