Насловна / Вести / Богданци ќе добие нови ветерници за 21 милион евра

Богданци ќе добие нови ветерници за 21 милион евра

Во Богданци ќе се градат нови ветерници во вредност од 21 милион евра. Со оваа инвестиција ќе биде заокружен проектот „Ветерен парк Богданци“, на проектираната инсталирана моќност од 50 MW и вкупно годишно производство од околу 137 GWh. Електрани на Северна Македонија распиша јавен повик за претквалификација за инженеринг, набавка и изведба – ЛОТ1 и 2 односно реализација на фаза 2 од Проектот на ветерни електрани – Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени шест ветерни турбини, со инсталирана моќност од 13,8 мегавати. На овој начин ќе се искористи ветерот како обновлив извор на енергија преку изградба на ветерни електрани, со цел постигнување на дополнително годишно производство од 37 GWh природно одржлива енергија.

veternici-bogdanci_resize

За реализирањето на овој проект, средства обезбеди германската КфВ Банка, во висина од 18 милиони евра, додека три милиони евра се сопствени средства на ЕСМ.

Со изградбата на новите ветерници се очекува да се зголеми учеството на уделот на обновливите извори на енергија на три отсто.

veternici-bogdanci1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top