Насловна / Вести / Бил Гејтс ќе потроши 80 милиони долари за да изгради нов паметен град

Бил Гејтс ќе потроши 80 милиони долари за да изгради нов паметен град

Инвестициска компанија, предводена од Бил Гејтс, ќе потроши 80 милиони долари за да изгради нов паметен град, наречен Белмонт во Аризона, што ќе се наоѓа 45 километри од Феникс.

Станува збор за амбициозен проект, што ќе вклучува дигитална инфраструктура, училишта и јавни простори, објави компанијата „Белмонт партнерс“. Белмонт ќе се простира на 10.000 хектари и предвидува 80.000 станбени единици.bill-gates-arizona

„Белмонт ќе биде заедница со напредно размислување, со комуникациски системи и со инфраструктура што ќе се базираат врз најнови технологии, дизајнирана околу дигитални мрежи со голема брзина“, соопшти компанијата.

Сепак, ова нема да биде прв паметен град на светот, бидејќи Индија, која забрзано ги прифаќа модерните технологии, има во план да ги изгради сто и тие треба да послужат како пример за идната инфраструктура во земјата.

За разлика од Белмонт, индискиот проект за високотехнолошки градови е поддржан од федералната влада, која беше критикувана од приватниот сектор дека бавно го спроведува. Иако иницијативата постои од 2014 година, од предвидените 100, работите се почнати на само 20 градови.

Испрати коментар

Scroll To Top