Насловна / Архитектура / BIG проектирал најодржлива фабрика за мебел на светот

BIG проектирал најодржлива фабрика за мебел на светот

Прочуеното архитектонско биро Bjarke Ingels Group (BIG) и норвешкиот производител на мебел Vestre го претставија заедничкиот проект The Puls, со кој се планира изградба на најодржлива фабрика за мебел на светот, но воедно и ќе им биде пример на другите, како идеја водилка за одржлива архитектура. Иновативната фабрика ќе се гради во норвешкото место Magnor на парцела од импресивни 121,5 хектари, која ќе функционира како јавен парк, јавува ArchDaily.

1_resize

Карактеризирана како најголема инвестиција во Норвешка во изминатите децении на полето индустрија на мебел, отворениот производен погон ќе има површина од 6.500 квадратни метри, а околниот простор, кој го карактеризира недопрена природа, ќе биде наменет за кампување и планинарење.

3_resize

Ова значи дека фабриката нема да биде оградена, таа всушност со својот дизајн ќе ги повикува жителите да дојдат, го поминат времето околу фабриката, а притоа можеби и купат некое парче мебел. Имено, надворешните ходници на фабриката, всушност ќе бидат излози во кои ќе бидат претставени најновите модели на фабриката Vestre.

2_resize

Фабриката е осмислена како радијална низа на четири производни хали со различни функции – складиште, фабрика за боја, сектор за преработка на дрво и сектор за составување мебел, кои на сите краеви се спојуваат со кружен простор.

4_resize

Во централниот дел на фабриката сместен е канцелариски простор за логистика и изложбен центар кој има директна врска со производните хали. Средиштето е опкружено со јавен кружен двор во кој ќе бидат изложени најновите колекции мебел, а транспарентните делови на фасадата овозможуваат, како на вработените, така и на посетителите, да имаат увид во производниот процес.

11_resize

10_resize

Од BIG објасуваат дека The Puls ќе ги користи сите предности на решенијата на Индустрија 4.0, па така во оваа фабрика ќе работат роботи, автономни камиони ќе превезуваат материјал, додека преку таблет ќе може да се управува со целата фабрика.

Као што потенцира архитектонскиот тим, The Plus ќе биде прва индустриска зграда во нордискиот регион, која ќе достигне BREAM Outstanding, односно најголем еколошки сертификат. За да се испочитуваат условите на Парискиот догово, архитектите во текот на проектирањето, потполно биле насочени на принципите на обновлива и чиста енергија.

Интересно е дека на секоја производна машина и е доделена по една од 200-те Vestre бои, кои се преливаат на подовите и сите заедно водат до централната кружна зона. На овој начин боите визуелно помагаат во водење на производниот процес, но и им овозможуваат на посетителите лесно да се движат низ просторот на фабриката – како низ некој музеј.

8_resize

Кривулестите патеки кои водат на кровната тераса, ги повикуваат посетителите да ја истражат локацијата, но и да ја продолжат својата прошетка кон камусот во шумата.

5_resize 6_resize

Планирано е да се постават 1.200 соларни панели на кровот на објектот, кои ќе бидат инсталирани под одреден агол во склад со оптималната локална соларна ефикасност. Благодарение на останатите одржливи системи, оваа фабрика ќе троши 90 отсто помалку енергија во однос на конвенционалните фабрики.

7_resize 9_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top