Во Австралија во тек е тестирање на првиот самоодржлив воз, кој ќе направи нов исчекор во товарниот транспорт. Електричната локомотива Infinity Train веќе минала 1.100 километри долга рута, но се очекуваат уште испитувања. Она што овој проект го издвојува од останатите е батерискиот погон, односно батериската електрична локомотива Infinity Train е првото товарно возило на светот кое ќе може во целост да ги наполни своите батерии со користење на регенеративно кочење. Со тоа се елеиминира потребата од дополнителена инфраструктура за полнење или дополнителни извори на енергија, што возот го прави целосно самоодржлив.


Локомотивата е развиена од страна на тимот на компанијата Fortescue Zero. Пред да биде вклучена во желзничкиот сообраќај таа ќе мине серија ригорозни испитувања, а очекува до крајот на годината стартува со редовен сообраќај.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија