Насловна / Вести / Американците се подготвуваат да го бомбардираат небото со плазма

Американците се подготвуваат да го бомбардираат небото со плазма

Американските воздухопловни сили имаат намера да предизвикаат експлозија во горните слоеви на атмосферата, таканаречени плазмени бомби, пишува списанието New Scientist.

Според написот, воздухопловните сили на САД разработуваат планови за подобрување на радио комуникацијата на долги растојанија со детонирање на плазма бомбите во горните слоеви на атмосферата со помош на флотилата микро сателити CubeSat.radio komunikacija

Одамна имено е познато дека радо станиците коишто инаку не можеме да ги слушнеме преку ден, ноќно време се слушаат дури и на големи оддалечености, Тоа се должи на промената во јоносферата, слојот од наелектризирани честички во атмосферата, кој започнува на височина од околу 60 километри. Искривувањето на Земјата ги запира повеќето копнени радио сигнали кои патуваат повеќе од 70 километри без дополнително засилување.PlasmaBomb

Американската армија со овој проект смета дека не само што ќе го зголеми опсегот на радио сигналите, туку исто така ќе ги намали и штетните ефекти од сончевиот ветер врз GPS системот.

Порталот забележува дека американските научници сé уште не успеале да решат два проблема: неопходниот развој на генератор на плазмата, кој може да ги собере во коцка со 10-сантиметарска страни, а исто така научниците се справуваат и со пресметката на дисперзираната плазма.usaarmy

„Станува збор сепак за рана фаза на проектот, во истражувањето на промените во јоносферата“, вели Џон Клајн кој ја води групата научници од Њу Џерси, еден од трите тима вклучени во проектот. Тој смета дека една од најголемите пречки може да биде доволното генерирање на плазмата врз малите сателити.

Дејвид Ласт, поранешен шеф на британскиот Кралски институт за навигација е исто така скептичен во врска со овој проект кој треба да се спротистави на влијанието од сончевите ветрови. Имено во периодот на сончевите бури се нарушени GPS сигналите, под влијание е целата страна на Земјата којашто е свртена кон Сонцето, па како што смета Ласт, за надминувања на овие пречки е потребана исклучително масивна и брза интервенција. „Тоа е како да смирувате разбранувано море со пополнување на празнините меѓу брановите“, вели научникот.

Испрати коментар

Scroll To Top