Насловна / Вести / Alfa Romeo слави 115 години

Alfa Romeo слави 115 години

Во чест на своето автомобилско наследство и со поглед кон иднината, Alfa Romeo по повод својата 115 годишнина, организирала голем настан во музејот во Аресе. Врската на Alfa Romeо со своите обожаватели отсекогаш била посебна во меѓународниот автомобилски свет. Во текот на првите 115 години, таа длабока, автентична и неповторлива врска ги спојува страста и техничката извонредност, создавајќи вистинска глобална заедница.

Во знак на одбележувањето на овој важен јубилеј, Alfa Romeo подготвила две исклучително симболични иницијативи: голем настан во неделата на 22-ри јуни во историскиот музеј на Alfa Romeo во Aресе, како и видео спот кој претставува омаж на првите месеци од исклучителната година исполнета со престижни проекти и партнерства. На крајот, видеото се префрла на тениски терен, каде вниманието го привлекува Јасмине Паолини, италијанската топ 10 тенисерка, која е нов амбасадор на брендот Alfa Romeo.

На настанот исполнет со емоции, активности и прослава, присуствувале 1.300 луѓе, вклучувајќи ги и претставниците на некои од 300 официјални клубови од целиот свет, како и над 350 возила.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top