Насловна / Архитектура / Водич на еден архитект за процесот на креирање ентериер

Водич на еден архитект за процесот на креирање ентериер

vodic-na-eden-arhitekt-1.jpgВо проектирањето ентериер навистина има нешто повеќе отколку во собирањето разнобојни слики од страниците на списанијата. Постои процес на проектирање, кој резултира со краен креативен производ. Архитектот Лери Берлин (Larry Berlin) и многуте негови клиенти најмногу уживаат во крајниот резултат од тој процес. Марта Нитертон (Martha Netherton)

 

 Сè започнува вака: Клиентите влегуваат и почнуваат да го прелистуваат портфолиото на Берлин (Berlin). Како некои ликовни критичари на изложба тие кажуваат: "Не, тоа не е тоа" и "И ова не е, исто така". Конечно, Берлин ги наведува на помислата дека во неговото портфолио нема да го најдат тоа што го бараат. "Зошто не?", се прашуваат тие. Тој објаснува: "Сè уште не е испроектирано". Тогаш се вадат слики, сите убави и привлечни. Вообичаено тоа се слики на дневна соба со масивен ѕидан камин, големи прозорци кои врамуваат панорамска слика на околината, со златен сјај на светилки, кој се рефлектира на зимскиот снег, масивни дрвени таваници и увозни мебел штофови. "Што ви се допаѓа на сликава?", прашува тој.

 vodic-na-eden-arhitekt-1.jpg

 

 

По кусо размислување клиентот кажува дека тоа е мебел штофот на столовите. Берлин не е збунет. Тој знае дека зад сакањето на таков мебел штоф всушност се крие скриената желба. Дури тогаш започнува процесот на проектирање. "Се обидувам да дефинирам што е тоа што клиентот навистина го сака", вели тој. "Ако добро слушате набргу ќе разберете дека тоа што навистина го гледа на сликите е топлината, бојата, текстурата и просторот, а вообичаено сугерира дека сака пријатен, интимен простор. Клиентите вообичаено се едуцирани, се разбираат во многу работи и се сигурни во своите желби. Нивните идеи понекогаш се тешко остварливи, но како идеи заслужуваат внимание од архитектот бидејќи ќе послужат за доаѓање до посакуваниот резултат.

Разменувајќи идеи со клиентите се доаѓа до остварливи решенија. "Луѓето за кои работам знаат што сакаат и јас не се обидувам тоа да го сменам", вели Берлин. "На клиентите им се допаѓа процесот некогаш дури и повеќе од самиот резултат и тоа ги прави среќни. А кога ги правам среќни, тоа е најдоброто што го правам во мојата работа". Стручното наметнување на Берлин се состои во изнаоѓањето задоволувачки одговори на повеќето прашања на клиентот, кои секогаш кажуваат дека се бара интимност, комфор и пријатни визури.

Пропорциите треба да се човекомерни, а проектираниот простор функционален и привлечен. "Тоа што навистина ме интересира е што го прави клиентот среќен", вели Берлин. "Дали е тоа просторот, сликовитоста на куќата, местоположбата, светлината, погледот, течењето на просторот или бојата? Зошто клиентот сака еден простор повеќе од некој друг?

 

vodic-na-eden-arhitekt-2.jpg

 

Процесот потоа се одвива вака:

Берлин им сугерира на клиентите да ја разгледаат околината и да размислат кој од различните погледи би го врамиле за потоа да уживаат движејќи се низ куќата. Дали прозорците ќе бидат на средина или странично, која големина ќе ја имаат, дали ќе бидат покривни. Ова се работи кои ќе дефинираат каков карактер ќе има куќата. "Клучот за убави визури кон надвор", забележува Берлин, "е излегувањето и заоѓањето на сонцето што ја детерминира светлината. Од каде доаѓа светлината и дали прави сенки е битно прашање. Без светлината не може да се дефинира домот.

А да се креира дом, да се формира неговиот карактер и персоналитет што ќе ги рефлектира желбите и визиите на клиентот е всушност сè". Берлин го работи ова веќе 30 години. Неговиот дом е одраз на идеите манифестирани во текот на овој период и открива уникатна мешавина на традиционалната и модерната архитектура, што може да се дефинира како "допадлив модернизам".

Стилот го има чувството на пријатност и топлина. Берлин продолжува да се фокусира на процесот на проектирање, но секогаш притоа барајќи одговор на прашањето што е тоа што луѓето ги прави среќни во нивното опкружување.

 

Пренесено од DCD Home

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top