Насловна / Дневни Вести / Во општина Новаци изградена фотоволтаична електрана

Во општина Новаци изградена фотоволтаична електрана

steel-solar-photovoltaic-panels-1.jpgНоваци – Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски денеска соопшти дека во селото Гермијан заврши изградбата на фотоволтаична централа.

Електраната, која наскоро свечено ќе биде пуштена во употреба, е со капацитет од 1 мегават и е прва од ваков тип во Македонија, а ја изградила фирмата „Мега-солар“ од Скопје, потврди Котевски.
– Задоволни сме што во нашата општина се реализира инвестиција вредна околу 3 милиони евра и што во функција го става алтернативните извори на енергија. Како локална самоуправа на инвеститорот му обезбедивме комплетна логистичка поддршка, потребната документација, решенија за градба и други одлуки од наша надлежност, посочи градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Локалните власти од општина Новаци очекуваат оваа инвестиција да мотивира и други инвеститори, посебно за изградба на ветерници кои би произведувале електрична енергија за што се посочени неколку локации кои се погодни за ваков тип инвестиции, информираат од оваа Пелагониска општина. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top