Насловна / Архитектура / ААМ објавува Јавен повик за учество на XVIII БИМАС 2016

ААМ објавува Јавен повик за учество на XVIII БИМАС 2016

Асоцијација на архитекти на Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК за учество на XVIII Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2016.

Право на учество имаат архитекти со завршен VII степен на образование, државјани на РМ, и правни лица-фирми кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на РМ, со завршен VII степен на образование. Вон конкуренција можат да учествуваат и странски државјани со дела изведени на територијата на РМ.10285054_623259991100740_3656819961388191140_o

На БИМАС се доделуваат следниве награди:

1.         Голема награда на БИМАС, за реализиран архитектонски објект

2.         Награда за проект од областа на архитектурата

3.         Награда за реализирана внатрешна архитектура-ентериер

4.         Награда за реализиран индустриски дизајн

5.         Награда за урбанистички план или проект

6.         Награда за проект од внатрешната архитектура и индустрискиот дизајн

7.         Специјална награда

Седумчлената комисија која ги доделува ќе биде соопштена на денот на додела на наградите. Комисијата го задржува правото да не додели награда за некоја од категориите. Селекцијата ќе се изврши во период од 17 – 30 март. Селектор на 18 Биенале на Mакедонската архитектура, БИМАС 2016, е д-р Александар Радевски д.и.а.

1) Категории

  • Архитектонски реализации
  • Архитектонски проекти
  • Урбанистички проекти и реализации
  • Реализации од областа на ентериерот и дизајнот
  • Проекти од областа на ентериерот и дизајнот
  • Конкурсни трудови

2) Авторот/авторите задолжително (с)е дипломиран(и) инженер(и) архитекти(и)

Забелешка: автор не може да биде фирма.

3) За категоријата конкурси, место инвеститор се пополнува распишувачот на конкурсот

4) Непознатото не се пополнува

2) Материјали за селекција

Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:

  • Спакувана папка А4 или А3 формат со следната содржина:
  • Текстуален дел

–       Пополнета Пријава

–       Техничко образложение

  • Графички прилози

–       Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на приземје и катови, пресеци, фасади (размер 1:500, 1:200, 1:100)  и фотографии од објектот

  • CD со сите материјали и прилози содржани во папката.

Папката и CD-то се доставуваат до канцеларијата на ААМ, на ул. „Даме Груев“ 14а, Скопје, секој работен ден од 9.00 до 13.00 часот.

Папките не се враќаат на учесниците, остануваат архивирани во канцеларијата на ААМ.

 Напомена: технички цртежи во соодветен размер и соодветно обработени во зависност од размерот, се задолжителни во пријавениот материјал. Доколку се работи за изведен објект покрај прилог фасади се доставуваат и фотографии од објектот. За идејните проекти може и не мора да се достават 3Д анимација, задолжителен е технички цртеж – фасади.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top