Насловна / Арт и дизајн / Вавилонската кула уметничка инсталација

Вавилонската кула уметничка инсталација

vavilonska_kula_thumb.jpgПознатата
аргентинска
уметница Марта
Минујин направила
25 метри висока
реплика на
Вавилонската
кула од 30.000
книги кои се
пишувани на разни
јазици. Кулата е
подигната во чест
на именувањето
на Буенос Аирес
за светска
престолнина
на книгата во
2011 година.

Огромна уметничка инсталација
на контроверзната
аргентинска уметница Марта
Минујин “Torre de Babel de Libros“
е свечено отворена на плоштадот
Сан Мартин во главниот град на
Аргентина, по повод именувањето на
Буенос Аирес од страна на УНЕСКО
за светска престолнина на книгата.
Локалните власти велат дека
аргентиската метропола претставува
израз на идејата за плурализам и
различности. По тој повод, градот
Буенос Аирес ја ангажирал Марта
Минујин, која својата необична
идеја ја преточила во монументална
уметничка инсталација во облик
на спирална кула, висока 25
метри, на шест ката, и креирана
од 30.000 книги од целиот свет.
vavilonska_kula_1.jpgМожат да се најдат сите видови
книги, од речници и енциклопедии,
софтверски прирачници, па сè до
класични романи, распоредени на
шест нивоа. Во проектот учествувале
52 амбасади во Буенос Аирес со
свои донации на книги, како и бројни
жители на Буенос Аирес и туристи.
На долното ниво се наоѓаат книги од
целиот свет, првиот и вториот кат се
резервирани за американски книги,
третиот и четвртиот за Европа и
Африка, додека петиот и шестиот се
резервирани за азијското подрачје.
Кулата ќе биде отворена до 28 мај,
кога одреден број посетители ќе
можат да се качат на кулата и да
земат по една книга на јазик кој
ќе го изберат. По завршувањето
на манифестацијата, се планира
остатокот од книгите да биде
преселен во првата повеќејазична
книжарница во Буенос Аирес, каде
ќе се најдат книги на 50-ина јазици
од целиот свет. Инаку, на Марта
Минујин ова не и прво искуство
во користење книги за нејзините
уметнички создавања. Уште во
1983 година, по демократските
промени во Аргентина, изработила
реплика на Партенон од
книги кои биле забранети од
страна на бившиот режим.

 vavilonska_kula_2.jpgvavilonska_kula_3.jpg

Дејан Буѓевац

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top