
Три станици на вториот метро-прстен на московското метро ќе гради кинеската компанија CRCC, пишува весникот „Ведомости“.
За тоа веќе е потпишан договор меѓу компаниите„Мосинжпроект“ и „Сиарсиси рус“ (руско одделение на CRCC), објави прес-службата на московската компанија.

Договорот, покрај изградбата на станиците предвидува изградба на 4,6 километри тунели и придружна инфраструктура.
Вредноста на договорот е 22,98 милијарди рубљи. Изградбата треба да заврши кон крајот на 2019 година.

Според продуктивноста на трудот Кинезите немаат рамни – градат брзо и со ниски трошоци, и оттука заинтересираноста на Москва за кинеските градежници, велат руски експерти.
Изградбата на вториот метро-прстен во Москва започна во 2011 година, а првата делница треба да биде пуштена во експлоатација во 2017 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија