Сме гледале голем број ентериери, каде што акцентот се става на уредувањето на површините, нивната материјализација, мебелот и слично.

Овој стан не ги запоставува сите овие аспекти, но истовремено ги става светилките и нивниот дизајн во прв план.

И така, прекрасната атмосфера која владее во овој стан, благодарение на материјалите што се употребени а кои се природни и во нежни тонови, исто така на каминот, кој зазема централна позиција на главниот ѕид во станот, се надополнува со топлината и пријатноста што зрачи од светилките, кои ги има во голем број и во прекрасни форми во овој стан.

Централна позиција во станот заземаат двете големи црни висечки топки, кои благо го осветлуваат дневниот простор а се надополнети со голема ламба која има форма на пресечен конус.

Посебна приказна раскажуваат и светилките над шанкот во кујната како и рустичните светилки на трпезариската маса.

Особено интересни се светилките во спалната соба кои во вид на ловоров венец, разлистени го осветлуваат целиот простор на спалната соба нежно и рамномерно.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија