Во организација на Народниот музеј во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба насловена „Метафори на постоењето“.
На изложбата беа прикажани дела од ликовните уметници од Македонија Стојче и Емилија Тоциновски, и нивните колеги од Полска, брачните парови Олга Лалич Кравицка и Камил Кравицки, Јаина Смола и Марин Смола и Јакуп Неиџела.
Тие во Велес се претставија со 18 дела со различни изработки и техники: акрил на платно, фотографија, цртеж и компјутерска графика.
Како што појасни ликовниот уметник Стојче Тоциновски, тој и сопругата Емилија Тоциновска која исто така е ликовен уметник, заедно творат веќе три години.
– Ние работиме во техника акрил на платно, а специфично за нас е и тоа што двајцата заедно работиме на едно платно, исто како да работи една рака. На нашите минијатурни платна се изработени пејсажи кои се стилизирани и апстрахирани, веле Тоциновски.
Инаку изложбата првично во декемви беше отворена во КОРА при Домот на градежници во Скопје, а по Велес, во наредните месеци се во преговори да ја презентираат и пред ликовната јавност во Полска.