Насловна / Вести / Општина Центар со реновирана сала на Советот и прирачник за транспарентно работење

Општина Центар со реновирана сала на Советот и прирачник за транспарентно работење

Општина Центар и Центарот на заедницата ја отворија реновираната сала на Советот и го промовираа општинскиот прирачник за граѓаните.

„Реновираната сала е за потранспарентно работење на Советот и на општината и за зголемено учество на граѓаните во процесот на носење на одлуките“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.opstina centar renovirana sala_2

Граѓаните сега може да присуствуваат на седниците на Советот за да се слушнат нивните идеи во носењето на одлуките.

Прирачникот ги дефинира процедурите и надлежностите на граѓаните, преку кои се олеснува пристапот до услугите на општината. Овој проект е исклучително значаен и е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Двегодишната соработка и реализирање на проектот дава резултати, рече директорката на ФООМ, Фани Каранфилова Пановска.

opstina centar renovirana sala_1

„Проектот, кој што од 2014-та се реализира, освен во општина Центар и во две други општини, покажува што значи владеење и функционирање на една општина во држава која тежнее да е европска. Отворените општества ширум светот сакаат да градат држави каде што граѓаните можат да кажат што сакаат и што мислат, дури и тогаш кога власта не се согласува со тоа“, рече Каранфилова Пановска.opstina centar renovirana sala_3

Центарот на заедницата е формиран во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“.

На промоцијата присуствуваа граѓани од општина Центар, претставници на невладиниот сектор и претставници од меѓународни организации.

Испрати коментар

Scroll To Top