Користењето на геометриските форми не е ништо ново во светот на дизајнот на ентериерите, но трендот неодамна дефинитивно направи огромен препород и беше подложен на доста спектакуларна еволуција како што се шири. Со играта на една геометриска форма ние можеме да добиеме безброј различни дизајни.

Овој стан е наменет за младо машко лице и во неговиот ентериер се користени неутрални тонови и суптилни текстури.

Геометрискиот дизајн во овој ентериер е употребен во модуларната маса во дневната соба која се состои од модули со прекршени агли и шик светлечки елемент поставен на ѕидот на левата страна.

Интересен детаљ во трпезаријата е висечкото осветлување кое исто така е инспирирано од геометриските форми.

Во спалната, ѕидот над креветот е обработен со дрвени површини разиграни според геометриски неправилни форми.






Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија