Спалните соби претставуваат еден од најважните простори во еден дом. Просторот во кој се опуштаме, одмараме и релаксираме секогаш мора да ни дава огромна доза на комодитет. Токму поради ова, дизајнерите даваат голема важност на овие простории.

Оваа спална соба е во сопственост на млад дизајнер кој својата соба истовремено ја користи за одмор и за работа.

Функционалноста на собата е секако во преден план, па така како дел од ентериерот се јавуваат рамки за неговите слики, дизајнирани елементи од мебелот како и скулптурална работна столица.

Користејќи го во мала количина и ндустрискиот дизајн, оваа спална соба претставува извонреден пример на спална соба.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија