Насловна / Архитектура / Волумени од црн бетон ја дефинираат Casa Mavra во Мексико

Волумени од црн бетон ја дефинираат Casa Mavra во Мексико

Во оваа куќа во Мексико, проект на бирото Taller Alberto Calleja, аголните, црни бетонски волумени се пробиени од мали пациа исполнети со дрвја.

Наречена Casa Mavra, куќата од 1.300 квадратни метри опкружена е со густа шума во градот Valle de Bravo.

Taller Alberto Calleja (TAC) ја проектирале ниската структура на куќата со црно пигментиран бетон за да се претопи со сенките на околните дрвја, со цел да создадат „скулптурален архитектонски објект“ кој нема да доминира во пејзажот.

„Намерата беше да се создаде силно и монолитно присуство, а воедно да се овозможи просторите внатре да останат интимни и тесно поврзани со светлината, вегетацијата и доживувањето на живеење на локацијата“, велат од бирото за Dezeen: „Иако куќата е замислена како скулптурален архитектонски објект, таа не се стреми да се натпреварува со пејзажот“.

„Наместо тоа, намерата беше волумените да се позиционираат на начин што делува природно вкоренето во теренот, дозволувајќи архитектурата да коегзистира со планините и вегетацијата, наместо со нив да доминира“, додаваат.

Двата пресечни волумени на Casa Mavra формираат основа во облик на буквата X, во кој се влегува од југ преку долга скалеста патека покрај тесен базен заштитен со бетонски ѕид кој постепено се издига во висина.

Оваа влезна патека завршува во голем простор на тераса што ги дели крилото каде се сместени дневна соба, трпезарија и кујна на запад од крилото со спални соби на исток.

До секое од овие крила се пристапува преку полунадворешен, покриен коридор, поврзан со мали пациа со растенија кои растат низ кружни и квадратни зпроцепи на покривот и ѕидовите.

„Еден од најзначајните гестови е континуираниот ѕид што се издига по должината на пристапната низа, придружен со звукот на водата што се спушта по скалите“, велат архитектите и додаваат: „Како што ѕидот се протега низ локацијата, тој на крајот се трансформира во косите кровови на куќата, станувајќи архитектонски гест што на Casa Mavrа ѝ дава препознатлив карактер“.

Црниот бетон обложен со табли на конструкцијата на куќата, оставен е изложен, создавајќи силен контраст и со околното зеленило и со сончевата светлина што влегува низ кружните процепи.

На крајот од секој волумен, целосно застаклените ѕидови пружаат поглед кон пејзажот и се отвораат кон мали дрвени тераси, обезбедувајќи простор за седење покрај главната спална соба и мал базен веднаш до дневната соба.

„Цврстината на бетонот е во контраст со големите застаклени отвори кои внесуваат природна светлина длабоко во ентериерите и ги врамуваат погледите на пејзажот, создавајќи рамнотежа помеѓу тежината и транспарентноста“, велат од бирото.

Испрати коментар

Scroll To Top