Насловна / Вести / Во КОАОИ, прва годишна средба „Денови на машински инженери“

Во КОАОИ, прва годишна средба „Денови на машински инженери“

Одделението на машински инженери при Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве поканува да присуствувате на Првата годишна средба „Денови на машински инженери“ – настан кој има за цел да ги обедини професионалците од областа на машинското инженерство, да поттикне размена на знаења и искуства, како и да отвори нови можности за соработка и професионален развој.

Оваа година, настанот ќе се одржи во внимателно избран амбиент – винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци, која со својата традиција, прецизност и врвен квалитет претставува симболичен простор за спој на инженерството и иновацијата.

Во рамки на програмата, учесниците ќе имаат можност да проследат:
🔻Стручни предавања од реномирани инженери и експерти
🔻Презентации на современи технологии со акцент на чиста енергија и HVAC системи
🔻Примери на инженерски иновации и практични решенија од индустријата
🔻Организирани сесии за вмрежување и воспоставување нови професионални контакти

Настанот претставува единствена платформа за унапредување на инженерската пракса, следење на најновите трендови и зајакнување на заедницата на машински инженери во земјата.

📅 Датум: 05 јуни 2026 година
🕙 Време: 10:00 часот
📍 Локација: Винарија „Тиквеш“, Кавадарци

КОАОИ ве поканува да бидете дел од овој значаен настан и да придонесете кон развојот и унапредувањето на машинското инженерство.

Испрати коментар

Scroll To Top