Насловна / Архитектура / REHAU ја покажа иднината на прозорците: Иновации од саемот Frontale 2026 во Германија

REHAU ја покажа иднината на прозорците: Иновации од саемот Frontale 2026 во Германија

На неодамна одржаниот саем за прозорци и врати Fensterbau Frontale 2026 во Нирнберг, меѓународната стручна јавност имаше можност да се запознае со најновите трендови и иновации во автоматизацијата, роботиката и производствените технологии.

Меѓу изложувачите, традиционално, особено се истакна присуството на компанијата REHAU Window Solutions, која, меѓу другото, претстави паметни и енергетски ефикасни решенија за прозорци и врати. Посетителите имаа можност да видат примероци од нови материјали, дигитални алатки за оптимизација на производството и монтажата, како и интеграција на паметни системи за управување и безбедност.

Линк до видео

Компанијата ја претстави и својата соработка со системот NUKI smart lock, со што дополнително ги унапредува своите паметни решенија за контрола на пристап и обезбедува високо ниво на сигурност и удобност. Посебно внимание привлече и новата технологија на дигитално печатење на профили, која отвора нова димензија во персонализираните декори.

Фокусот на REHAU беше ставен на дигитализацијата и одржливоста. Платформата REHAU CONNECT+ ги обединува сите процеси во единствен екосистем, додека REHAU Window.ID овозможува јаснo следeње на производот низ целиот систем.

Иновативните материјали со стаклени влакна – RAU-FIPRO X и RAU-INFINIO – обезбедуваат стабилност, големи формати и висок удел на рециклирани материјали.

Премиум системот ARTEVO ја проширува својата примена и на влезни и подигнувачко-лизгачки врати, со единствено решение со интегриран низок праг.

Како “All in One Partner”, REHAU ги интегрира материјалите, системите, дигиталните алатки и едукацијата, овозможувајќи им на своите партнери поголема ефикасност, нови пазарни можности и одржлив раст.

REHAU Window Solutions изразува задоволство што и оваа година е препознаена како доверлив партнер, кој со своето знаење и услуга ја потврдува позицијата на глобален лидер, ги подигнува стандардите во индустријата на прозорци и врати и нуди решенија што ги обединуваат квалитетот, одржливоста и иновацијата.

Овој успех уште еднаш ја потврдува посветеноста на компанијата на континуиран развој и поддршка на своите партнери во создавање долгорочна вредност, со јасен фокус на крајните корисници, кои со децении во своите домови уживаат во предностите на квалитетот на REHAU Window Solutions.

 

*Комерцијален текст.

Испрати коментар

Scroll To Top