Насловна / Вести / Утре настан: „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор”

Утре настан: „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор”

Покана за учество на настан на тема: „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор”

Датум: 3 април 2026 година

Место: Конгресна сала, Стопанска комора на Северна Македонија, Скопјe (5-ти кат)

Организирано од страна на: Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) и Комора на друштва за геодетски работи на РМ.

Малите семејни стопанства имаат значајно учество во земјоделството во Северна Македонија и играат клучна улога во руралните приходи и производството на храна. Сепак, структурата на земјоделското земјиште е значително расцепкана, што ја намалува ефикасноста, ја отежнува модернизацијата и ја ограничува конкурентноста на секторот, дополнително оптоварен со застарена инфраструктура и недоволни инвестиции.

Консолидацијата на земјиштето претставува клучен приоритет за надминување на овие предизвици. Досегашните резултати покажуваат јасни придобивки, вклучително намалување на расцепканоста, подобрена инфраструктура и зголемена продуктивност на земјоделските стопанства.

Новата Национална стратегија за консолидација на земјиштето 2025–2035 ја позиционира консолидацијата како повеќенаменски инструмент за намалување на расцепканоста, окрупнување на стопанствата, модернизација на земјоделската инфраструктура и зајакнување на отпорноста на земјоделството кон климатските промени.

Ефективната имплементација бара координиран пристап и вклучување на повеќе дисциплини, вклучително геодезија, правни услуги, проценка на земјиште, агроекономија и работа со локалните заедници. Иако приватниот сектор – особено геодетските компании – досега играа значајна улога, потребно е и понатамошно зајакнување на капацитетите и пошироко вклучување на различни чинители од приватниот сектор.

Општа цел на настанот

Настанот има за цел да поттикне дијалог и партнерства помеѓу приватниот сектор, јавните институции, академијата и локалните самоуправи за поддршка на имплементацијата и проширувањето на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија.

Специфични цели:

  • да се презентираат клучните приоритети и планирани интервенции согласно Националната стратегија за консолидација на земјиштето 2025–2035 и Акцискиот план;
  • да се прикажат конкретните придобивки од консолидацијата за земјоделците, агробизнисот и руралните заедници;
  • да се дискутира улогата и можностите за поголемо вклучување на приватниот сектор во спроведувањето на консолидацијата;
  • да се нагласи улогата на општините во поттикнување на локалниот интерес и поддршка на руралните инвестиции;
  • да се идентификуваат практични чекори за зајакнување на соработката помеѓу јавните и приватните засегнати страни.

Вашето учество можете да го потврдите на следниот линк: https://forms.gle/ykFbvPU8dzC2GRe48

Учесници

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

  • Г-дин Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Стопанска комора на Северна Македонија

  • г-дин Бранко Азески, претседател

членови на Управниот одбор:

  • г-дин Никола Рибароски, Комора на геодетски компании на Северна Македонија

Здружение на земјоделство и прехранбена индустрија

  • претседател: г-дин Ѓорѓи Петрушев, АД Млекара Битола
  • г-дин Никола Деребанов, агро-консултант, фирма Вириди Инвест Скопје
  • Регионални канцеларии: Битола, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Штип

Други стопански комори

  • Сојуз на стопански комори на Македонија
  • Агро-бизнис комора
  • Стопанска комора на Северозападна Македонија
  • Комора на геодетски компании

Приватен сектор

  • геодетски компании
  • агробизнис сектор

Јавни институции

  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Локални самоуправи

(општини кои учествуваат во постапки за консолидација на земјиште)

  • Битола, Прилеп, Чешиново–Облешево, Долнени, Радовиш, Струмица

Академска заедница

  • Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”– Скопје
  • Градежен факултет, Универзитет ”Св. Кирил и Методиј”– Скопје

Испрати коментар

Scroll To Top