Општина Битола распишува конкурс за изработка на идејно урбанистичко-архитектонско решение за спортско-рекреативна зона АРМ – Битола за опфат кој е дел од старата касарна „Стив Намов“.
Спроведвањето на конкурсот е во согласност со заложбите на Општина Битола за унапредување на урбанистичкото планирање, водејќи сметка за јавниот интерес и партиципативноста на стручните лица и граѓаните во понудување и изнаоѓање на најсоодветно решение кое ќе овозможи поквалитетно хумано, здраво живеење и заштита на животната средина.
Предметната локација која е дел од блок 15 од ДУП за АРМ Четврт2, претставува високовреден неизграден простор со доминантна намена Д3-спорт и рекреација на отворено, со соодветни компатибилни намени дефинирани со одредбите од важечката планската докментација.

Цели на кокурсот:
- Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот равој на градот во просторна и програмска смисла.
- Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини.
- „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,
- Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетација и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосверските води)
- Економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.
Конкурс е исклучително комплексна урбанистичко-архитектонска задача, чија крајна цел е да се избере решение кое ќе биде основа за изработка на проектна документација.

Право на учество на конкурсот
Право на учество на овој конкурс има секое заитересирано правно или физичко лице (поединци или тим и со соработици) кои ги поседваат стручните класификации согласно условите на кокурсот.
Неопходен услов е најмалку еден од авторите да биде дипломиран инжинер архитект кој поседува важечки овластувања „Б“ за проектирање или овластвања за планер, издадени од КОАИ на РСМ.
Информации за конкурсната документација
Конкурсната документација е бесплатна и може да се превземи од веб страната на Општина Битола https://www.bitola.gov.mk/ или на ЕСЈН www.e-nabavki.gov.mk
Заинтересираните кандидати можат да побараат појаснување на конкурсната документација од договорниот орган во пишана форма навремено, согласно приложените конкрсни рокови во точка 3 од овој прилог на следниот e-mail: [email protected]

Конкурсни рокови
- Почеток на конкурсниот рок е со датумот на објавување на конкурсната документација на веб станата на Општина Битола https://www.bitola.gov.mk/, и на порталот на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), односно – 25.03.2026год.
- Конкурсната документација може да се превеземе по електронски пат, бесплатно, на следниот линк www.e-nabavki.gov.mk и https://www.bitola.gov.mk/
- Крајниот рок за поставувања на прашања во врска со конкурсот е 06.05.2026год. до 15:30 часот.
- Прашањата за дополнителни информации или нејаснотии во конкурсните услови се доставуваат исклучиво на email адресата : [email protected]
- Краен рок за одговори на поставените прашања е 10.05.2026год. до 15.30 часот.
- Оценувачката комисијата ќе ги достави одговорите на емајл адресата и јавно ќе ги објави на официјалниот линк на конкурсот.
- Краен рок за доставување на конкурсниот труд е 15.05.2026год. до 12.00 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат.
- Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување на истиот.

Комисијата е во следниот состав:
- Проф. д-р Александар Радевски дипл.инж.арх. , претседател и членовите
- Марија Зарова, Силјановска – дипл.инж.арх.
- Стефан Атанасоски, дипл.инж.арх.
- Д.р. Жаклина Ангеловска дипл.инж.арх.
- Венцо Шишкин дипл.град.инж.
- Снежана Бутлевска Василевска дипл.инж.арх.
- Христијан Атанасовски дипл.инж.арх.
- Благојче Цветковски дипл.инж.арх.
- Живка Иванова дипл.зем.инж.
Оценувачката комисија ќе заврши со работа во максимален рок од пет работи дена од денот предвиден за предавање на конкурсните трудови, после што ќе се објави отварање на ковертот „АВТОР“.
Комисијата во тек на евалуација на предложените идејни решеија ќе ги почитува правилата на струката од областа на архитектурата и урбанизмот и критеримите содржани во конкурсната документација.
Оценувачката комисија го задржува правото да не избере ниту едно идејно решеније доколку смета дека ниту едно од доставените решенија не ги задоволува бараните елементи на кокурсот, а во тој случај распишувачот на кокурсот не е обврзан да додели награда.
Од истата причина, оценувачката комисија го задржува правото да не додели некои од предвидените награди.
Награди и откупи
- Прва награда во износ од 211.582,00 денари ,
- Втора награда во износ од 120.904,00 денари,
- Трета награда во износ од 90.678,00 денари,
- Максимум три понудувачи 3 х 60.452,00 = 181.356,00 денари.
Наградите и откупот се исплаќаат во нето износ.
Жири комисијата има право вкупниот фонд на награди да го распредели и на друг начин, во зависност од квалитетот на конкурсните трудови.
Нарачателот на конкурсот се обврзува дека исплатата за наградените и откупените конкурсни трудови ќе ја изврши во рок од 30 денови по објавување на резултатите од конкурсот, а во сoгласност со начинот на распределба на средствата утврден од учесниците.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија