Индиското архитектонско биро Melange Studio користело елементи како што се капаци за шахти и брановидни метални ролетни за да ги евоцира локалните улици во оваа продавница за патики во Њу Делхи, со скулптура во форма на патика што виси над нејзиниот влез.

Просторот е првата физичка продавница на индискиот бренд за патики Gully Labs, сместена во луксузната чртврт Panchsheel Park во Њу Делхи.
Бирото Melange Studio соработувало со повеќе од 50 локални занаетчии на уредувањето на ентериерот на продавницата од 279 квадратни метри, која се простира на три нивоа.

„Додека започнувавме со проектирањето на малопродажниот простор за брендот, Gully Labs го перцепиравме како прослава на индиската улична култура – прославена, обединета и изразена преку патики и облека што оддаваат почит на индиската вештина на изработка и сировата живост на улиците“, велат од бирото за Dezeen.

Архитектите избрале локални материјали како што се lakhori тули, камени плочи и рачно изработени плочки за да „создаде атмосфера што делува домашна, лична и веднаш препознатлива“.
Црпејќи инспирација од улиците на Индија, Melange Studio ја украсиле продавницата со елементи како што се брановидни метални ролетни, улични клупи, капаци за шахти и поштенски сандачиња.

„Овие разиграни детаљи ја трансформираат продавницата во искуство – поттикнувајќи откривање, интеракција и уживање – правејќи го ентериерот подеднакво импресивен и незаборавен како и самите производи“, вели проектантскиот тим.
За да се одржи визуелната конзистентност низ целата продавница, разни материјали се поставени во мрежеа за да се создадат шари на подот, излозите на производите и спуштените тавани.

Карактеристичната сина боја на Gully Labs се користи како акцентна боја низ целата продавница.
Главниоот продажен простор се протега на приземјето и првиот кат. На приземјето, тимот инсталирал кружен остров за изложување од не’рѓосувачки челик во срцето на просторот.

Акцентните ѕидови создадени од наизменични редови испакнати бетонски блокови служат и како изложбени единици во продажниот простор.
Лачни отвори водат од изложбениот простор до скалите што ги поврзуваат двете продажни нивоа.

„За да се отстрани визуелната неповрзаност помеѓу нивоата, стратешки е изрежана плоча веднаш до постоечки отвор, трансформирајќи два независни ката во кохезивно волуметриско искуство“, изјави за Dezeen основачот на Melange Studio, Dhruv Jain.
Двата отвори на првиот кат пружаат поглед кон просторот подолу.
Три дрвени полици, поврзани со канап во облик на буквата X што личи на врвки за чевли, се протегаат по висината на двете продажни нивоа.

На првиот кат се наоѓа шанк за кафе, зона за персонализација и музеј за изработка на чевли преполн со винтиџ дрвен мебел, каде што посетителите можат да гледаат како занаетчиите создаваат производи.
Тука, проектантите комбинирале бетонски блокови и тули на ѕидот со дрвен таван потпрен на видливи рогови.

Вториот кат е проектиран да функционира како заеднички простор за одржување настани и работилници. Има скалести седишта обложени со дрво.

Надвор, на фасадата на продавницата се наоѓа мурал на компанијата Uneditioned Art, изработен со препознатливата сина боја на Gully Labs.

Голема скулптура во облик на патика, произведена од Glyptic Arts, виси пред муралот, правејќи продавницата да се издвојува од околината.

„Секој елемент, од проект до детаљи, ја одразува автентичноста на брендот, позиционирајќи го не само како малопродажна дестинација, туку и како културно движење“, коментираат од бирото.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија