Насловна / Вести / Анализа: Доколку сообраќајот низ Ормутскиот теснец не се нормализира, барел нафта во мај може да достигне 190 долари

Анализа: Доколку сообраќајот низ Ормутскиот теснец не се нормализира, барел нафта во мај може да достигне 190 долари

Ормутскиот теснец е речиси целосно затворен од 28-ми февруари, кога Израел и САД го нападнаа Иран. До тој момент, тоа беше коридор за десетици танкери секојдневно, кои превезуваа 20% од светската нафта. Според проекциите на независниот институт SolAbility, оваа војна ја чини глобалната економија најмалку 14 милијади долари дневно. Во сценарио на ескалација на судирите, каде Ормутскиот теснец останува затворен, глобалниот БДП ќе забележи загуба од 3,15%. Покрај нафтата, меѓу факторите се и недостатокот на ТПГ и ѓубрива, растечката инфлација и скокот на премиите за осигурување на ризиците при транспортот. Референтната цена на нафтата од типот Brent достигнува максимум од 190 долари по барел најдоцна 62 дена, а само прекин на огнот во наредните две недели може да ја задржи цената на најмногу 128 долар по барел. Во овој модел, 45-тиот ден е критичен поради неповратната штета во земјоделството доколку Ормутскиот теснец остане затворен.

Деведесеттиот ден инфлацијата во најизложените економии достигнува врв од екстремни 8 или повеќе процентни поени над нивото очекувано доколку не би имало војна. Од друга страна, важно е да се истакне дека некои земји извозници на нафта како Норвешка и Канада , оствариле силен раст на БДП.

Што се однесува до нашиот регион, анализата ги опфаќа Романија, која има ниска зависност од нафтата од Персискиот залив, како и Грција и Турција, кои имаат умерена зависност. Со затворен Ормутски теснец, по шест месеци, влијанието врз БДП кај овие земји е 0,7% во Романија, 1,7% во Грција и 1,9% во Турција.

Испрати коментар

Scroll To Top