Во центарот на американската престолнина се појавила невообичаена и провокативна уметничка инсталација, која веднаш привлекла внимание на јавноста и медиумите. На 10 март на Националниот плоштад во Вашингтон беше откриена златна статуа на која се прикажани американскиот претседател Доналд Трамп и финансиерот Џефри Епстин во сцена што потсетува на познатата сцена од филмот „Титаник“, објави „Вашингтон пост“.

Скулптурата, висока речиси 3,6 метри, ја реконструира препознатливата сцена од предниот дел на бродот во која главните ликови од филмот, Џек и Роуз, стојат со раширени раце, додека главниот лик ја изговара познатата реплика: „Јас сум крал на светот“. Инсталацијата токму по таа реплика е наречена „Крал на светот“.

Според американскиот весник, делото го поставила уметничка група. Преку оваа уметничка интервенција, авторите се обиделе да предизвикаат јавна дебата за односот меѓу Трамп и Епстин, кој со години е тема на медиумски текстови и политички контроверзи во Соединетите Држави.

Покрај статуата поставена е и плоча на која се објаснува симболиката на инсталацијата. Во текстот што ја придружува скулптурата се наведува дека „трагичната љубовна приказна на Џек и Роуз е изградена врз раскошни патувања, диви забави и тајни скици на голи тела“, додавајќи дека споменикот е „посветен на пријателството меѓу Доналд Трамп и Џефри Епстин“, кое, како што се вели, било обележано и со „раскошни патувања, диви забави и тајни скици на голи тела“.
Поставувањето на таква скулптура на еден од најпознатите јавни простори во Соединетите Американски Држави предизвикало различни реакции, од одобрување на уметничката провокација до критики дека станува збор за политички мотивирана инсталација.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија