Насловна / Вести / Casa Cruda не го брише минатото, туку дозволува да се доживее низ сите негови слоеви

Casa Cruda не го брише минатото, туку дозволува да се доживее низ сите негови слоеви

Проектот Casa Cruda во Шпанија покажува како внимателно осмислена реконструкција може да ги зачува трагите од минатото и во исто време да создаде модерен, флексибилен простор за живеење.

Реновирањето на семеен дом од шеесеттите години било можност да се преиспита односот помеѓу традиционалните, анонимни типологии на домување и современата архитектура.

Наместо радикална трансформација, студиото Meii се одлучува за посуптилен пристап – прочистување и реактивирање на она што веќе постои, а токму таа постоечка структура станува главен двигател на целиот проект од 70 квадратни метри во Картахена, Шпанија.

Траги од времето како дел од архитектурата

За разлика од класичните реновирања кои често се обидуваат да ги избришат трагите од стариот простор, тука тие се задржани и дополнително нагласени.

Casa Cruda ги чувува претходните слоеви на куќата, но и „лузните“ што се создадени за време на работите, прифаќајќи ги како дел од материјалната приказна на просторот.

Повеќе светлина и отворен простор

Интервенциите се минимални, но прецизни. Со нив се подобрува просторниот квалитет на куќата – се добива поголема висина и чувство на волумен, се подобрува присуството на природна светлина, а распоредот е организиран во уникатен, отворен и флексибилен простор.

Таквата организација овозможува куќата да се користи послободно, без крути граници помеѓу поедини функции.

Дијалог помеѓу новото и постоечкото

Во ентериерот на Casa Cruda, јасно се разликуваат два слоја на простор. Долниот дел, кој вклучува подови и ѕидни облоги, е реновиран и технички унапреден. Спротивно на тоа, горната зона останува речиси недопрена и станува соголена и автентична.

Новото и старото, техничкото и занаетчиското, поправеното и зачуваното се среќаваат во рамки на еден континуиран простор, создавајќи ентериер кој не се обидува да го избрише минатото на куќата, туку дозволува да се доживее низ сите негови слоеви.

Испрати коментар

Scroll To Top