Насловна / Вести / Ѕирнете во резиденцијата на Лени Кравиц во Париз (ВИДЕО)

Ѕирнете во резиденцијата на Лени Кравиц во Париз (ВИДЕО)

Лени Кравиц, светски познатиот музичар, продуцент и текстописец, ги отвори вратите на својот импресивен париски дом за шпанскиот Architectural Digest. Во оваа куќа живее повеќе од две децении, а нејзиното реновирање конечно е завршено – проткаено со неговиот уникатен стил, музичка енергија и длабоко лично значење.

„Не е она што го барате, но е нешто што мора да го видите“, му рекол агентот на Кравиц на почетокот на 2000-тите. Музичарот барал поскромен простор – нешто помало, со не повеќе од две спални соби. Наместо тоа, му бил претставен раскошниот дом од 1920-тите на грофицата Anne d’Ornano, сместен во 16-тиот арондисман, на тивка, зелена улица во близина на амбасади. Вилата оставила траен впечаток – и станала европско прибежиште на Лени.

Место на создавање, одмор и сеќавање

Оваа париска резиденција не е само дом – тоа е лично студио, уметничка галерија и почит кон неговите предци. Во преставувањето на домот, Кравиц открива пијано од лимитирана серија што го дизајнирал во соработка со Steinway & Sons, фотелји во салонот за гости и спектакуларен лустер Swarovski кристали самиот го смислил. Куќата зрачи со топлина, личност и елеганција – со доза на рокерска автентичност.

Kravitz Design: креативност што оди подалеку од музиката

Кравиц не е само музичар – тој е и успешен дизајнер на ентериер.и Неговото студио Kravitz Design, основано во 2003 година, соработувало со брендови како Leica и Dom Pérignon. Неговиот дом во Париз ја одразува оваа креативна визија – мешавина од брутализам, афрофутуризам и софистицирани парчиња од 70-тите.

„Елеганција со душа“

Така Кравиц го опишува својот стил – мешавина од формалност и емоција, луксуз и личен идентитет. „Удобен, но шик. Со многу африкански и етнички елементи, избалансирани со европска елеганција“, објаснува. Меѓу многуте уникатни парчиња се и винтиџ софа Terrazza од 1970-тите, бруталистички масички за кафе од Paul Kingmа и бројни дела од уметници како Баскијат.

Дом исполнет со спомени

Домот на Кравиц е исто така место на длабока интимност и благодарност. Портрети на најблиските, како што се неговата кума Diahann Carroll и дедото Albert Roker, заземаат посебно место. „Тој е причината зошто сум тука денес“, вели тој за својот дедо. Во неговото наследство се гледа и линија што ги поврзува генерациите, од Roxie Roker до неговата ќерка Zoë.

Во оваа куќа, секоја фотелја, светилка и фотографија раскажува своја приказна – за музиката, семејството, уметноста и идентитетот. Лени Кравиц создал не само дом, туку и личен универзум во кој секоја нота, боја и текстура има своја намена.

Испрати коментар

Scroll To Top