Бар Фар, проект во рамките на Вила Лонтана, ги комбинира уметноста, просторот и угостителството во искуство кое трае ограничено време.
На западниот брег на Тибар, во рамки на независниот уметнички проект Вила Лонтана отворен е Бар Фар, привремен бар во Рим кој функционира и како просторна уметничка инсталација.

Станува збор за нов изложбен простор проектиран од римското архитектонско биро Студио Страто, а првиот програм им е доверен на британските уметници Клементина Кит-Роуч и Кристофер Пејџ.

Бар како место за средби и идеи
Името Бар Фар е директно поврзано со името Вила Лонтана, што во превод значи „оддалечена вила“, но и со идејата за бар како простор за бегство од секојдневието.
Авторите се потпираат на традицијата на историските уметнички барови, места каде што се собирале уметници, разменувале идеи и формирале нови правци.

Просторот помеѓу илузија и функција
Ентериерот на барот е обликуван како затворен амбиент со нагласена сценографија. Ѕидовите изгледаат како да се издлабени од една маса, додека од нивната површина излегуваат фрагменти од човечкото тело – нозе што носат ѕидни маси, раце што се потпираат клупи, раце што држат свеќи.

Овие елементи се комбинирани со груби, индустриски материјали како што се тули, цевки и дрво, замаглувајќи ја јасната граница помеѓдоѓивувањето на просторот и движењето на посетителите и не е само декоративна.

Посетителот како дел од инсталацијата
Гостите се составен дел од инсталацијата – додека седат, разговараат и пијат, стануваат дел од сценографијата. Како што истакнува кустосот на проектот Виторија Бонифати, Бар Фар е „разигран простор за разговор и пијалок, исполнет со парадокси и контрадикции“, во кој одговорите можеби се кријат на дното од чашата.

За сите што ги следат современите практики на пресекот на уметноста, архитектурата и угостителството, Бар Фар е интересен пример за тоа како привремен простор може да понуди моќно, повеќеслојно искуство. Но, само додека трае, во овој случај до 14 март.


Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија