Насловна / Вести / Почина професор д-р Коста Талаганов– истакнат научник и поранешен директор на ИЗИИС

Почина професор д-р Коста Талаганов– истакнат научник и поранешен директор на ИЗИИС

Почина професорот д-р Коста Талаганов – истакнат научник, посветен педагог и личност која остави неизбришлива трага во македонската академска и стручна заедница.

Професор Талаганов беше професор во пензија и поранешен директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со својата исклучителна стручност, визија и несебична посветеност тој изгради наследство што ќе живее низ генерации.

Неговиот животен и професионален пат беше посветен на науката и образованието, особено во областа на земјотресното геотехничко инженерство. Со својата мудрост, човечност и академска извонредност, професорот Талаганов беше инспирација и ментор на многу студенти и колеги. Тој беше еден од основоположниците на современото геотехничко инженерство во независна Македонија. Поради својот исклучително коректен и професионален пристап, меѓу колегите беше препознаен како вистински господин, а во меѓународните кругови – како достоинствен амбасадор на македонската наука.

Испрати коментар

Scroll To Top