Во чест на Новак Ѓоковиќ, компанијата за часовници Hublot со која најдобриот тенисер има договор за спонзорство, лансираше нов модел на часовник, кој за прв пат е промовиран на овогодишниот Австралија Опен. Станува збор за три варијанти од моделот, кои ги спојуваат иновативните материјали, техничкото мајсторство и уникатноста на овој бренд, а со цел да се прикаже неверојатниот професионален пат на најдобриот на сите времиња. Часовникот е понуден во три бои (сина, зелена и црвена), асоцијација на трите подлоги на кои се игра тенис. Вкупно се изработени 101 примерок, кои се нумерирани. Ременчето е во бела боја, асоцијација на лентата за грипот на тенискиот рекет. Според оваа симболика, часовникот кој Новак го носи на овој турнир е во сина боја со бело ременче.

Се разбира, освен дизајнерската извонредност, часовникот носи и посебно инженерско знаење. Шесте титаниумски завртки кои го спојуваат куќиштето имаат форма на тениски топчиња. Ова можеби звучи како едноставно естетско решение, но истото барало дизајнирање на специјален алат за нивно спојување. Но, сето ова не е никакво изненадување, бидејќи за најдобриот е резервирано само најдоброто. Цената е 119.000 евра.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија