Насловна / Вести / Атина ја доби најголемата хибридна аеродромска електрана во Европа

Атина ја доби најголемата хибридна аеродромска електрана во Европа

AIA, концесионерот на Меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“, ја комплетираше својата програма Route 2025, за енергетска трансформација. Сега управува со фотонапонска постројка од 51,5MW со батериски систем за складирање на енергија. Тоа е најголемата хибридна електрана од таков вид во склоп на аеродром во цела Европа.  Некои од најголемите аеродроми во светот во моментот имплементираат слични проекти. На пример, IGA Istanbul Airport има издвоено 212 милиони евра за изградба на екстерна соларна електрана од 199,3MW во Ескишехир.

AIA стартуваше со програмата Route 2025 пред шест години, со цел елиминирање на нето емисиите на гасови со ефект на стаклена градина пред крај на тековнава година. Заради споредба, операторите на европските аеродроми за достигнување на таа цел ја имаат определено 2050 година. Инвестициите изнесувале 70 милиони евра. Значителен дел е финансиран со кредити од Механизмот за опоравок и отпорност (RRF) на Европската унија. Со помош на топлински пумпи исклучена е потребата од користење на природен гас во аеродромските згради на AIA во зимски услови. Електричниот возен парк се состои од 19 автобуси, 13 возила за наведување ан авионите и 29 комби возила.

 

Испрати коментар

Scroll To Top