Насловна / Вести / Нови технологии ги спасуваат птиците од судир со ветерните турбини

Нови технологии ги спасуваат птиците од судир со ветерните турбини

Најчестата забелешка на работата на ветерните турбини е тоа што птиците се судираат со нивните лопатки. Со оглед дека бројот на ветерни турбини и во регионот расте, заштитата на птиците станува се поважно прашање. Во регионот засега постојат неколку решенија кои овозможуваат рана детекција на птиците и привремено ја запираат работата на турбините. Овие системи за заштита се познати како системи за запирање по барање (shutdown on demand – SDOD).

SDOD подразбира привремено запирање на ротацијата на турбините кога во близина ќе бидат воочени птици кои влегуваат во зоната на зголемен ризик од судир. SDOD се почесто се пропишува како задолжителна мерка за проектои кои се лоцирани во близина на чувствителни живеалишта на птици. Некои од системите користат вештачка интелигенција и брзи камери за идентификација на птиците во реално време. Друга технологија се базира на тродимензионален радар посебно развиен за набљудување на птици.

Испрати коментар

Scroll To Top