Насловна / Вести / Центар Дејвид Боуви отворен во Лондон

Центар Дејвид Боуви отворен во Лондон

Центарот Дејвид Боуви, проектиран од локалното архитектонско биро IDK, се отвори овој викенд во Лондон во V&A East Storehouse со архива од над 90.000 предмети поврзани со Боуви и јавна изложба на која се прикажани култни костими што ја дефинираат ерата.

Отворајќи се за јавноста на 13 септември, центарот располага со изложбен простор со тематски експонати, простори за читање и работна соба, како и обемна архивска колекција.

Зафаќа посебен простор во V&A East Storehouse, објект проектиран од Diller Scofidio + Renfro, кој се отвори претходно оваа година, и вклучува широк спектар на инструменти, уметнички дела, облека, сценски реквизити и сувенири од хартија кои ја прикажуваат мултидисциплинарната креативност на Боуви.

Проектирани од IDK, одделните, но поврзани простори на центарот инспирирани се од способноста на Боуви да работи низ различни жанрови и медиуми, како и од неговиот креативен процес, кој е откриен во архивата на центарот со рачно напишани текстови, белешки и скици.

„IDK се инспирирани од кратките текстови на Боуви, индиректните стратегии и алатките за експериментирање, како и од тоа што спојувал толку многу различни жанрови, што сметам дека е многу добро интегрирано во просторот“, изјави за Dezeen кустосот на V&A East, Madeleine Haddon.

Главниот изложбен простор е поделен на девет ротирачки поставки кои ги истакнуваат соработниците на Боуви, влијанијата и клучните моменти во неговата славна кариера.

На изложбата се прикажани околу 200 предмети, вклучувајќи го синиот костум што Боуви го носел во спотот Life on Mars? и црвена јакна украсена со молњата од шестиот студиски албум на музичарот Aladdin Sane, обете дизајнирани од Freddie Burretti.

Исто така, изложени се и асиметричниот комбинезон Ziggy Stardust од Kansai Yamamoto и мантилот Union Jack од Alexander McQueen, кој беше на обвивката на албумот Earthling.

Спроти изложбата се наоѓа голема црвена маса, каде што посетителите можат да ги разгледаат каталозите со детали за 90.000 предмети во архивата на Боуви.

Над нив, костими затворени во Tyvek кеси висат од закачалки за облека, а секој е видливо обележан за посетителите да можат да ги побараат предметите во архивата.

„Можевме да имаме ограничен број кукли со костими изложени во рамки на изложбата, а знаеме дека луѓето многу ја сакаат модата и костимите, па затоа се мачевме како што повеќе да изложиме“, вели Haddon: „IDK дојде до идеја да ги складира костимите на шина за облека.“

Работните простории во David Bowie Centre им овозможуваат на посетителите простор за подетално да ги разгледаат архивските предмети преку индивидуални состаноци закажани со тимот на V&A Archives.

„Работните простори се дел од нашата поширока мисија во V&A East Storehouse, а тоа е да ги доближиме луѓето до нашите предмети и нашите колекции и архиви, и да им овозможиме сами да ги трасираат своите патеки низ нив, за да се чувствувате охрабрени сами да истражуваат“, рече Haddon и додава: „За мене, ова е навистина важно да се размисли во смисла на инспирирање на следната генерација музејски работници. Не знаете дали сакате да бидете кустос, архивар или конзерватор ако не можете да видите што сето тоа подразбира.“

V&A ја превзема својата архива од 90.000 предмети во Центарот Дејвид Боуви од наследството на Дејвид Боуви, Blavatnik Family Foundation и Warner Music Group.

Опфаќајќи музика, мода, филм, уметност и дизајн, разновидноста на изложените предмети има за цел да ги опфати далекусежните таленти на Боуви.

„Се надевам дека посетителите ќе сфатат дека Дејвид Боуви беше интердисциплинарен уметник кој имаше неверојатно влијание врз нашиот свет, кој беше човек за соработка, некој кого можеме да го сметаме за инспиративен во однос на креативноста, особено за младите луѓе“, вели Haddon.

Испрати коментар

Scroll To Top